Американската историчарка на економијата Клаудија Голдин е добитничка на Нобеловата награда за економија за 2023 година.

Кралската шведска академија на науките соопшти дека одлучила да и ја додели Нобеловата награда за економија на Голдин „бидејќи го унапредила нашето разбирање за резултатите од пазарот на трудот на жените“.
Голдин често се наведува како една од 10-те највлијателни економистки во светот. Таа беше пионер во проучувањето на улогата на жената во економијата пред 40 години, ги инспирираше новите генерации економистки и помогна да се внесе родовата економија во мејнстримот.