Германскиот инсајдер Флоријан Плетенберг објави голема ексклузива, наведувајќи дека Јирген Клоп е еден од кандидатите да ја преземе клупата на Реал Мадрид.
Според еден германски новинар, Клоп би можел да стане тренер на Реал Мадрид по завршувањето на сезоната. Плетенберг истакнува дека германскиот стручњак во моментов има договорни обврски кон Ред Бул, каде што е одговорен за развојот на фудбалот на глобално ниво.
Сепак, како што наведува Плетенберг, доколку Реал Мадрид покаже сериозни намери да го доведе, Клоп сериозно би размислил да ја преземе клупата на Мадрид.
За време на својата тренерска кариера, Јирген Клоп ги предводеше Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. Тој ги освои домашните првенства со Борусија Дортмунд и Ливерпул, додека со „црвените“ го освои и трофејот во Лигата на шампионите.