Спасувачките екипи во Ахмедабад го открија снимачот на гласови од пилотската кабина (CVR), последниот недостасувачки елемент меѓу двете „црни кутии“, што е од пресудна важност за утврдување на причините за минатонеделната авионска катастрофа на Ер Индија. Веќе претходно беше извлечен и снимачот на податоци од летот (FDR), соопшти индиската влада.
Двата уреди ќе ѝ овозможат на истражната комисија детално да ги реконструира настаните што доведоа до тоа „Боинг 787 Дримлајнер“, на линија Лондон–Ахмедабад, да се урне во густо населено приградско подрачје до аеродромот и да се запали.