Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Книжевно претставување во Штутгарт на поетесата Наташа Сарџоска

На покана на Здружението „Данте Алигиери“, во Италијанскиот културен институт во Штутгарт свое книжевно претставување ќе има македонската писателка, поетеса, преведувачка и антрополог, Наташа Сарџоска.

Книжевниот разговор со неа ќе го водат професорките по италијанска книжевност од Универзитетот во Штутгарт, Сабрина Мааг и Симонета Пулејо, која е воедно и претседателка на здружението.

Во рамки на книжевниот разговор на италијански јазик со Сарџоска како двојазичен автор, ќе се промовира и нејзината поетска книга „Крстна коска“ која во нејзин автопревод ја објави италијанскиот издавач „Интерно Поезија“.

Освен за својата поезија и проза, Сарџоска ќе говори и за книжевните преводи од италијански на македонски јазик, за нејзините студии и живот во Италија, за влијанието на Италија врз нејзиното поетско и прозно творештво како и за блискоста кон италијанската култура и јазик, наведува авторката.

Зачлени се на нашиот е-билтен