Кочани ја однесе и 63 – та жртва, почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев – Панчо, член на хип-хоп дуото ДНК, почина утрово во 10 часот во приватната болница „Систина“, по долго лекување од повредите здобиени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава.

Панчо извесно време бил во кома, а според непотврдените информации, за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.

Во трагичниот пожар загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Меѓу загинатите беа и осум члена на групата ДНК.

Панчо и неговиот колега Андреј Мицевски со години ја обликуваа македонската музичка сцена, а нивните песни останаа препознатливи и омилени кај многумина.

Неговата кариера беше обележана со повеќе од две децении музичка работа, концерти и соработки со голем број изведувачи.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага во јавноста и меѓу колегите музичари.

Сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со него

Зачлени се на нашиот е-билтен