По претходни оперативни сознанија, синоќа во 21:15 часот во Кочани е лишен од слобода Н.В. (32) од Виница, осомничен за „убиство во обид“. Настанот датира од 7 август, пред угостителски објект во Виница, кога по вербална расправија тој наводно со нож му нанел четири убодни рани на Д.С., по што избегал.
Надлежниот јавен обвинител е известен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од надлежните. Повредениот е згрижен, а истрагата треба да ги прецизира мотивите и сите околности околу нападот.