Додека беше во опозиција како потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ велеше дека зголемувањето на платите на функционерите дополнително ја зголемува инфлацијата, сега министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриовска на прашањето дали ќе се намалат функционерските плати кои лани по одлука на Уставниот суд се зголемија за 78%, рече дека ако тоа се случи таа ќе замине.
-Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат јас заминувам. Дајте ми една причина, министри со вакви нервози и стресови-зошто треба да останам. А најмногу се критикувани од новинарите, оцени Кочоска.
Таа вели , како што пренесува Телма, дека не е решение во намалувањето на функционерските плати бидејќи министрите работат многу и напорно додека други се одмараат на викенди и празници, а лично таа повеќе заработувала во приватниот сектор.