Марксистичкиот министер за финансии, кој возеше мотоцикл, стана светска икона на левицата кога се спротивстави на ЕУ за време на грчката должничка криза, денес е основач на европското политичко движење DiEM25.
Без разлика на контроверзите поврзани со неговата политичка определба, Варуфакис е еден од највозбудливите радикални лево ориентирани мислители во Европа, подеднакво вешт во борбата против олигархијата на големите технолошки компании и споделувањето смели и провокативни нови визии за праведен и рамноправен свет.
Јанис Варуфакис пораснал за време на грчката диктатура од 1967 до 1974 година. Подоцна станал професор по економија и кратко бил грчки министер за финансии во 2015 година.
Неговиот покоен татко, хемиски инженер во челичарница, му всадил на својот син критичко разбирање за тоа како технологијата ги движи општествените промени. Тој, исто така, му всадил верување дека капитализмот и вистинската слобода се спротивставени – левичарска политика што го направила неговиот татко политички затвореник неколку години за време на „хунтата“, како што ја нарекувале.
Во 1993 година, кога првпат го доби интернетот, таткото на Варуфакис му постави „убиствено прашање“ на својот син: „сега кога компјутерите комуницираат едни со други, дали оваа мрежа ќе го направи капитализмот невозможно да се собори? Или можеби конечно ќе ја открие својата Ахилова пета?“
Варуфакис оттогаш не престанал на размислува за тоа.
Иако, за жал, сега е предоцна лично да му објасни на својот татко, една од книгите на Варуфакис „Технофеудализам: Што го уби капитализмот“ го има одговарот на прашањето во форма на проширена рефлексија упатена до неговиот татко.
„Ахиловата пета“ беше на вистинскиот пат. Во својот впечатлив одговор, Варуфакис тврди дека повеќе не живееме во капиталистичко општество; капитализмот се претворил во „технолошки напредна форма на феудализам“.
Јанис Варуфакис, кога беше грчки министер за финансии (2015), како економист, е истакнат критичар на структурата на Еврозоната, тврдејќи дека таа е фундаментално погрешна, наметнува деструктивно штедење врз послабите економии и ризикува целосно распаѓање. Тој се залага ЕУ или да го федерализира или да го распушти еврото за да се избегне пораст на националистичките движења.
Во неговата структурна критика, Варуфакис тврди дека на Еврозоната ѝ недостасува неопходен федерален трезор, туку дејствува како „должен затвор“ што го префрла товарот на погрешниот дизајн врз послабите нации. Тој тврди дека тој не е одржлив во сегашната форма.
За време на неговиот мандат како министер за финансии, тој предложи да се соочи Еврогрупата со „чекори за одвраќање“, вклучително и создавање паралелен систем за електронско плаќање базиран на даночни приходи (IOU) и, доколку е потребно, да ѝ се дозволи на Грција да излезе од Еврозоната („Grexit“) за да избегне штедење предизвикано од спасувачкиот план.
Варуфакис се залага за создавање федерализирана Европа, вклучувајќи заеднички буџет и демократска контрола, наместо сегашниот систем за кој тврди дека ги фаворизира германските и француските извозници, а ги депресира периферните економии.
Од почетокот на 2026 година, Варуфакис продолжува да предупредува дека Еврозоната не успева да ги реши своите фундаментални прашања, како што е тоа кој издава заеднички долг, и дека единствениот пазар се распаѓа.
Варуфакис е ко-основач на DiEM25 (Движење за демократија во Европа) за да води кампања за подемократска и потранспарентна ЕУ.