Кој е Себастиен Лекорњу – политичкиот „преживеан“ и нов премиер на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше Себастиен Лекорњу, актуелниот министер за вооружени сили, за нов премиер на земјата, откако неговиот претходник Франсоа Бајру падна на гласањето за доверба.

Лекорњу, кој има 39 години, е еден од ретките политичари што успеаја да останат во владата од првиот мандат на Макрон во 2017 година, надминувајќи бројни реконструкции и предвремени избори. Поради тоа, многумина во Париз го нарекуваат „политички преживеан“.

Лојален сојузник на Макрон

Во изминатите седум години Лекорни се изгради како близок и доверлив соработник на Макрон. Иако на национално ниво е познат како дискретен и воздржан политичар, тој редовно го одржува контактот со локалната политика – викендите ги минува во својата родна Нормандија како советник.

Зад затворени врати, сепак, Лекорњу важи за исклучително вешт политички оператор. Опозициски сенатор го опиша како човек кој „знае да не одговори, а да ви остави впечаток дека внимателно ве слуша“.

Од најмлад асистент до министер за војска

Лекорњу ја започнал политичката кариера на 19 години како најмлад парламентарен асистент во Франција. Потекнува од конзервативната партија „Републиканци“, а со текот на времето изгради мостови и кон центарот и десницата, одржувајќи контакти дури и со лидерот на крајната десница, Марин Ле Пен.

Како министер за вооружени сили, тој стана едно од клучните лица за француското воено зајакнување, особено по руската инвазија врз Украина во 2022 година. Лекорни, кој е и резервист во Националната жандармерија, во 2023 година го спроведе законот за воено планирање со буџет од 413 милијарди евра за периодот 2024–2030.

Евроскептичен пристап

Иако одржува блиски односи со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, Лекорњу е помалку присутен во Брисел и често се смета за евроскептик, повеќе фокусиран на францускиот суверенитет отколку на европската интеграција. Често го спомнува Шарл де Гол во своите говори, нагласувајќи го значењето на националната одбрана.

„Лицето на француското вооружување“

Според политички извори, Лекорњу сака да остане запаметен како „лицето на француското повторно вооружување“ – симбол на воената трансформација и зајакнување на Франција.

Зачлени се на нашиот е-билтен