Франција не може да им влезе во трагата на крадците на скапоцен накит од Лувр. Непроценливи предмети однесени со мотоцикли
Веста што вчера ја шокираше Франција, но и целиот свет, се однесува на спектакуларниот грабеж во музејот Лувр. Според весникот „Ле Паризиен“, група криминалци со качулки ја искористиле можноста за градежни работи во музејот и влегле во зградата, насочувајќи се кон познатата галерија „Аполо“.

Министерството за култура на Франција во најновото соопштение потврди дека „осум предмети од непроценлива културна вредност“ биле украдени од Лувр во недела наутро.
Според достапните информации, меѓу украдените предмети се:
-тиара од колекцијата на кралицата Марија-Амелија и кралицата Хортензија
-ѓердан од колекцијата на сафири на кралицата Марија-Амелија и кралицата Хортензија
-обетки од истиот сет
-ѓердан од смарагди од колекцијата Марија-Луиза
-пар смарагдни обетки од истата колекција
-брош познат како „брош за реликвијар“
-тиара на царицата Евгенија
-голем брош-машна за корсетот на царицата Евгенија, пишува францускиот Фигаро.

Круната е пронајдена
Круната на царицата Евгенија, висока 13 см и широка 15 см, составена од 1.354 дијаманти, 1.136 рози и 56 смарагди, конечно е пронајдена, пишува Le Parisien.
Крадците ја оставиле круната, симбол на „раскошот на Второто Царство“, како што нè потсетува Лувр. Круната ја изработил златарот Александар-Габриел Лемоние за Светската изложба во 1855 година. Круната на царицата Евгенија била пронајдена оштетена, заедно со нејзината кутија, во близина на познатиот музеј.

Според јавната обвинителка на Париз Лор Беко, четворица во грабежот на векот учествувале четворица сторители.
Како што откри таа, сите четворица биле маскирани, а по инцидентот избегале со скутери.

Таа изјави дека од музејот и градот се направени видеа, и додаде дека не е исклучена ниту „граѓанска мобилизација“.
Еден од очевидците пријавил во полицијата дека еден од сторителите фрлил жолт елек, што сега е дел од истрагата.