Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Која држава ја претставуваше министерот Зоран Љутков на средбата со неговиот колега во Бугарија?

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Софија во колегијална атмосфера ја оствари првата билатерална средба со министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров, а пред вечерашното гостување на македонската Национална опера и балет на сцената во главниот град на Бугарија.

Но прашање е која држава ја претставуваше министерот Зоран Љутков на средбата со неговиот колега во Бугарија?

Во објавата на социјалните мрежи на Министерството за култура е објавена фотографија од двајцата министри на која е видливо дека е поставено само бугарското знаме.

Да видиме како ќе го објаснат ова од надлежното министерство. Пропустот може да и’ се припише на бугарската страна, но останува прашањето зошто немало реакција на македонската делегација.

Инаку, на средбата, министерот Љутков ја истакна подготвеноста на нашата држава да ги продолжи дијалогот и соработката со Република Бугарија, а културната дипломатија е инструмент за еманципација на културата во надворешната политика преку која може да се реализираат долгорочни цели, како и интензивна соработка, промоција и одржлив развој на односите со другите држави.

Зачлени се на нашиот е-билтен