Колева од Форум на жени на СДСМ на настан на Форум на жени на Партијата на европските социјалисти во Малта 

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева учествуваше на дводневен состанок на Форум на жени на Партијата на европските социјалисти, што се одржа  во Малта. Попладнево таа информираше за нејзиниот престој во Малта и заклучоците од состанокот, чија сфера на интерес биле улогата на жената во општеството и нејзината важност во пошироката заедница. 

Во своето обраќање Колева лја истакнала суштинската поврзаност помеѓу родовата еднаквост и одржливиот економски развој, како и важноста на економската независност на жените, како клучен фактор за нивната слобода и безбедност, но и за нетолерирање на било каква форма на насилство.

„Во време кога една од три жени во Европа е жртва на насилство и кога десничарските сили со своите политики ги уназадуваат женските права и ја ослабуваат позицијата на жената во општеството, должност ни е храбро да се спротивставиме на ваквите ретроградни тенденции. За жал, изминатава година сведочиме на уназадување во унапредувањето на правата на жените – нема нови законски измени, ниту конкретни мерки што би го подобриле нивниот општествен и економски статус. Не смееме да дозволиме жените повторно да бидат ставени  на маргините, нивниот глас да биде заглушен, а нивните потреби игнорирани“, подвлече Колева, која живее во Кавадарци. 

Состанокот понатаму бил фокусиран и на улогата на жените во технолошкиот сектор, обезбедувајќи платформа за промоција на нивните достигнувања во индустрија што има сè поголемо влијание врз секојдневниот живот.

„Технологијата, како клучен двигател на современото општество, мора да биде простор каде жените имаат еднаков пристап, видливост и можност за напредок“, нагласи Колева.

Статутарниот состанок на PES WOMEN се одржа во организација на Partit Laburista, Malta“.

Зачлени се на нашиот е-билтен