Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Koлева: Во ниту еден кластер немаме назадување, нема повеќе „заробена држава“ во извештаите на ЕК

Извештајот на Европската комисија, и како политичка партија и како пратеници, го сфаќаме премногу сериозно, бидејќи е документ кои ги содржи сите препораки по кластери кои се критички настроени кон целиот напредок што треба да следува во наредниот период, истакна  Даниела Колева, пратеничка на СДСМ, во емисијата  „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Анализирајќи ги извештаите од последните 10-тина години, морам да нагласам дека минатата година имавме многу добар, да кажам и одличен, извештај. Имаше унапредување на секое поле, во секој кластер. За најновиот извештаен период може да забележиме дека нема ниту еден кластер во кој има назадување. Во 25 до 30 отсто во извештаите на Европската комисија во 2014 и во 2015 година има назадување. Таков извештај од 2016 година не сме виделе“, посочи Колева.

Пратеничката посочи дека во 2015 година државата е оценета како  „заробена држава“ и такво нешто нема во извештаите од тогаш. Таа додаде  дека во делот на демократија државата  напреднала од добро ниво во умерено подготвени, подготвени сме во делот на слобода на медиуми, во слобода на говор и изразување, демократијата.

„Ако почнеме дескриптивно да го разгледуваме извештајот во секое едно поле, ние имаме одреден напредок. Во правосудниот систем има проблеми и нема бегање од тоа“, додаде Колева.

Треба да знаете
Moже да ве интересира