Во овие земји, просечниот работен век е околу 2.200 часа годишно, што во превод значи околу 43-44 работни часа неделно. Главната причина за подолгото работно време во овие земји е поголем удел на работно интензивните индустрии како што е земјоделството, како и помалку развиените социјални политики кои овозможуваат пократко работно време.
Од друга страна, Германија, Данска и Норвешка имаат најкратко просечно работно време. Во Германија просечниот работник работи околу 1.343 часа годишно, што значи помалку од 27 часа неделно. Културите во овие земји ставаат поголем акцент на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, а развиените социјални политики поддржуваат пофлексибилни работни услови, се вели во истражувањето на „Visual Capitalist“, пренесува nova.rs.
Разликите меѓу најдолгото и најкраткото работно време може да бидат и до 900 часа годишно, што укажува на значителни разлики во работните култури ширум светот.
Според податоците на Еуростат, Турција моментално е на врвот со 44,2 работни часа неделно, а веднаш зад неа е Србија на второ место со 41,7 часа неделно, што е за 0,2 часа неделно повеќе од наведеното во истражувањето „World Population Review“.
На трето место е Босна и Херцеговина со 41,4 часа неделно, потоа Грција 39,8, Романија 39,5, Полска 39,3, Хрватска 38,1, Словенија 38,1 итн.
На дното на листата со просечни работни часови се Холандија со 32,2 и Австрија со 33,6 часа.
Македонија ја нема на оваа листа.
Just a reminder that I follow back all my subscribers 🥸
— World of Statistics (@stats_feed) September 8, 2024
Земји со најкратки работни недели:
Германија има една од најкратките работни недели, каде што просечниот работник работи помалку од 27 часа неделно (околу 1.343 часа годишно). Тоа е дел од нивната долгогодишна политика која поддржува рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, а само околу 5% од вработените работат „многу долго“ работно време, според „World Population Review“.
Данска и Норвешка, исто така, имаат релативно кратки работни недели од околу 27-29 часа, бидејќи овие земји се фокусираат на социјалната еднаквост, обемните социјални бенефиции и флексибилните работни услови.
Овие разлики се резултат на различните економски структури, законските прописи за работното време, но и културните очекувања во однос на работата. Земјите со пократко работно време често имаат висока продуктивност на час, што овозможува да се одржи висок стандард на живеење и покрај пократкото работно време.