Оваа година владата на премиерката Џорџа Мелони обезбеди првични пет милиони евра по смртта на папата Франциско, но вкупните трошоци не се прецизирани, изјави министерот за цивилна заштита, пренесуваат италијанските медиуми. Од 2005 година, Црквата стана помалку транспарентна кога станува збор за финансиите и така остана до денес
Додека целиот свет гледаше во оџакот на Сикстинската капела чекајќи го исходот од гласањето на кардиналот и кој ќе биде новиот папа, со малку помалку внимание јавноста се занимаваше и со прашањето што се појави на претходните избори во поновата историја, колку чини конклавата и кој ги сноси сите овие трошоци?
Според Договорот од 1929 година, со кој е основана државата Ватикан, Италија е одговорна за покривање на дел од трошоците поврзани со безбедноста, пишува Лориентлежур. Оваа година владата на премиерката Џорџа Мелони обезбеди првични пет милиони евра по смртта на папата Франциско, но вкупните трошоци не се прецизирани, изјави министерот за цивилна заштита, пренесуваат италијанските медиуми.
Според италијанските медиуми, со сигурност се знае дека е неопходно да се обезбеди пристигнување и сместување на над 100 кардинали во Куќата на Света Марта во Ватикан, приватност и безбедност, оброци и целосна логистика како и трошоците за церемонијата. Трошоците дневно варираат, но проценките покажуваат дека сума од 50.000 до 75.000 евра дневно е реална. Значи, ако конклавата трае 10 дена, вкупниот трошок може да надмине 700.000 евра.
Сепак, тоа не е крајот на трошоците. Технички се подготвува Систинската капела, можеби се трошат најмногу пари, се поставуваат електронски заглавувачи, безбедносни системи, печки за чад, гласачки уреди и стерилни комуникациски системи. Проценките велат дека целата организација на конклавата може да чини од 1,5 до 3 милиони евра, во зависност од времетраењето.
Помеѓу смртта на Јован Павле Втори и изборот на Бенедикт Шеснаесетти во 2005 година, според владините податоци, биле вработени речиси 12.000 припадници на безбедносните сили, 1.000 пожарникари и 5.000 државни службеници. Таа година организацијата на погребот и конклавата го чинеа Ватикан околу седум милиони евра, се вели во извештајот објавен од Светата столица.
Оттогаш, Црквата стана помалку транспарентна кога станува збор за финансиите.
За време на последната конклава одржана во 2013 година, трошоците за безбедност, зајакнување на јавниот превоз и други дополнителни услуги достигнаа 4,5 милиони евра (околу 5,1 милиони долари), според тогашниот градоначалник на Рим Џани Алемано. Вкупните трошоци на самата конклава за избор на папата Франциско не беа официјално објавени, но подоцна Ватикан објави годишен буџетски дефицит од 24 милиони евра.

Вкупните трошоци на конклавата на која беше избран папата Франциско тогаш не беа објавени, но подоцна Ватикан пријави годишен буџетски дефицит од 24 милиони евра. Слично на тоа, ниту за оваа конклава не беше претставена проценка на трошоците. По смртта на папата Франциско, портпаролот на Ватикан, Матео Бруни само изјави дека Светата столица нема спонзори кои ќе помогнат во финансиските прашања.
За време на неговиот понтификат, папата Фрањо од Аргентина се обиде да ги регулира нетранспарентните и честопати катастрофални финансиски работи на Светата столица. Во 2014 година формираше посебен секретаријат за економија, ја заостри борбата против корупцијата и го зголеми надзорот на инвестициите и Ватиканската банка, што доведе до затворање на 5.000 сметки.
Но, финансиската состојба на Ватикан се уште е нестабилна, а за тоа биле информирани кардиналите пред почетокот на конклавата. Светата столица сè уште се соочува со хроничен буџетски дефицит, кој се проценува на околу 30 милиони евра во 2022 година, заедно со пад на донациите од верниците.