Во последно време, безбедноста на кујнскиот прибор, особено на пластичните даски за сечење, стана предмет на дискусија. Извештаи за присуство на микро-пластика во храната, водата и дури во воздухот ги поттикнаа луѓето да го преиспитаат материјалот што го користат секојдневно.
Недавна студија објавена во списанието Ecotoxicology and Public Health ја проучувала количината на микро-пластика што се пренесува на храната од две видови пластични даски – едни од полипропилен и други од полиетилен.
Резултатите покажаа дека при сечење морков, на храната се пренеле дури 1.114 честички микро-пластика, дефинирани како делови од пластика помали од пет милиметри. Прерачунато, тоа значи дека една употреба на пластична дaska може да произведе околу 15 милиграми микро-пластика, што на годишно ниво изнесува приближно 50 грама – еквивалент на тежината на десет пластични кредитни картички.
Иако овие бројки можат да изгледаат загрижувачки, науката за влијанието на микро-пластиката врз човечкото здравје сè уште е во рана фаза. Докази покажуваат дека микро-пластиката може да се најде во нашата крв, белите дробови, па дури и во плацентата.
Истражувања на животни спроведени во 2022 година во Јужна Кореја покажаа дека микро-пластиката може да влијае на дигестивниот, респираторниот, ендокриниот и репродуктивниот систем.
Сепак, експертите предупредуваат на претерана интерпретација на резултатите. Алекс Лебо, доктор на науки и сертифициран индустриски хигиеничар, истакнува дека студијата покажува ослободување на честички, но не ја докажува нивната конкретна штетност по човечкото здравје.

