Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Командантот на вооружените сили на Кенија меѓу 10-те воени лица загинати во хеликоптерска несреќа во земјата

 Командантот на вооружените сили на Кенија, генерал Френсис Огола е меѓу 10-те воени лица загинати во хеликоптерската несреќа што се случи денеска во западниот дел на земјата, објави претседателот Вилијам Руто.

Хеликоптерот се урнал веднаш по полетувањето.

Двајца војници ја преживеале несреќата и се во болница, рече Руто, додавајќи дека е испратен истражен тим за утврдување на причините за несреќата.

„Нашата земја загуби еден од своите најхрабри генерали. Смртта на генералот Огола е болна загуба за мене“, рече кенискиот претседател на прес-конференција.

Руто прогласи тридневна национална жалост.

Огола (61) беше шеф на кениските воздухопловни сили. Тој потоа стана заменик командант на вооружените сили и минатата година беше назначен од Руто за нивен командант.

На одбранбените сили на Кенија Огола се приклучи во 1984 година, обучен како пилот на борбен авион во американските воздухопловни сили и како пилот-инструктор во кениските воздухопловни сили, соопшти Министерството за одбрана.

Зачлени се на нашиот е-билтен