Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нема да учествува на мировните преговори меѓу Русија и Украина, кои се закажани да се одржат утре во Истанбул, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.
Британски Ројтерс сè уште не може да ги потврди овие наводи, а Комерсант не го прецизираше изворот на информациите.
Во меѓувреме, сè уште не е познато дали на утрешната најавена средба ќе присуствуваат американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Преговорите би можеле да бидат првата директна средба меѓу Москва и Киев по неколку години, но Кремљ одби да открие кој ќе ја сочинува руската делегација.
Се очекува Москва вечерва да објави кого испраќа на преговорите.