Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Комисијата за заразни болести препорача вакцинирање, ама никаде нема вакцини против Ковид-19


Во последниот месец, јули 2024, регистрирано е десеткратно зголемување на случаите во однос на претходниот месец. За 18 дена во месец август, регистрирани се 489 заболени лица.

За само една недела, тестирани биле вкупно 608 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, при што регистрирани беа 271 нови позитивни случаи. Ова е, како што велат оттаму, зголемување од 60,4 отсто во однос на претходната недела.

Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат во моментот нема достапни вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје.

-Засега состојбата со ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните. Треба да се почитува куќниот ред за посета на здравствените установи. Да се вакцинираат сите лица кои имаат над 65 години и хронични болести, тие се со зголемен ризик за да развијат тешка форма на болеста или да има смртен исход, рече портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-Злате Мехмедовиќ

Според докторот Никола Пановски апсурдно да се препорачува населението да се вакцинира, а да нема вакцини во здравствените установи.

-Вакцина треба да примат лицата над 60 години. Но, како може да се препорачува вакцинација, а надлежните да немаат набавено вакцини? Мора да се донесе став, под кои услови и кој треба да прими нова доза, потоа, за кого таа треба да е бесплатна и слично, вели Пановски.

Извор Мета

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново