Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Комисијата за заштита од конкуренција ќе следи дали трговците ги намалиле маржите, казните до 20.000 евра

Заврши преодниот рок од шест месеци за усогласување со одредбите од законот за нефер трговски практики, а од викендов тој стапи на сила.

Со него се очекува цените на производите да се намалат и да се стави ред во трговијата.

Законот опфаќа 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, со што се очекува и намалување на нивните цени за исто толку.

За да се спречи манипулација на законското решение од страна на трговците нивното работење ќе го следи Комисијата за заштита на конкуренцијата, која доколку забележи неправилности во работењето има право да поведе прекршочна постапка која ќе биде донесена по службена должност или по барање на физичко или правно лице, кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и истата мора да заврши во рок од три месеци.

Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб-страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Онаму каде што ќе се утврди дека се прекршени одредбите на законот се одредува казна, односно висина на глоба, дефинирајќи ги нејзиното ниво и рокови за плаќање.

Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице.

Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е од 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице.

Од Министерството за економија и труд нагласуваат дека решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново