На 2 ноември 2025 година (недела) со почеток во 20:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, како дел од 25. издание на „Есенски музички свечености“.
Аматерскиот женски хор ФРИДА е формиран во октомври 2023 година, а негов основач, раководител и диригент е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи составени од по околу 60 аматерски хористки со значително хорско искуство.
Билетите се во продажба преку karti.com.mk.
 
				 
				 
															