Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Концерт „Глорија концерт за душа“ и „Вивалдијада 2024“ во рамките на Скопско лето

Во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва ќе се одржи концертот „Глорија концерт за душа“ на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ – Антонио Вивалди, како и проектот „Вивалдијада 2024“ на Уметничкиот центар „Полифонија“ во Музеј на македонската борба.

Како што најавија организаторите, на програмата се композиции од неколку фази од опусот на славниот Вивалди, меѓу кои концертите RV 299, 580 и 531, како и вокално иструменталниот мегахит Глорија (RV 589).

Концертот претставува соработка меѓу хорот Света Злата Мегленска, професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” и Уметничкиот центар „Полифонија“. Диригент е Летка Полизова.

Солистити се Надежда Рубен и Јасмина Димитровска – сопран, Милица Андоновска, Божана Гошева, Илија Јовчев, Мила Наумовска и Јана Јовиќ – виолина и Александар Ицковски и Магдалена Дрмач – виолончело.

Уметничкиот центар „Полифонија“ е основан во Скопје, во 2003 година од фаготистот Орце Ицковски и пијанистката Јанинка Невчева со цел промоција и поддршка на Македонските уметници вклучувајки иновации и претприемништво на сите нивоа на изведба, како и обука во областите на култура и уметност. Низ годините преку креативно ажурирани настани постигнати се значајни резултати во областа на уметничкото истражување, соодветна презентација, активно учество и размена на добри практики и платформа за презентација и менаџирање на домашни уметници и автори.

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година при Македонската Православна Црква.
Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
Хорот е составен од 22 женски вокали, кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во државата.

Хорот во јавноста е познат како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на музичката култура.

Треба да знаете
Moже да ве интересира