Концерт на американската сурф/панк/нојз сензација DAIKAIJU во МКЦ

На 6 јули (четврток) со почеток од 21 ч. во МКЦ гостува бендот Daikaiju. Тие се мистериозна појава на звук и слики за прв пат забележани зимата 1999 година. Како бурни претставници на звучниот хаос, Daikaiju се инспирираат од звукот на брановите кои удираат и создаваат музика на начин што влева шок и стравопочит кај сите кои ги искусуваат нивните настапи во живо.

Високо интерактивна и конфронтирачка изведба која буквално ја вовлекува публиката во огромниот вител на звук што го генерираат.

Скриени зад маски, оваа трупа од мистериозни луѓе создава мутиран стил на епски, инструментален рок со висока енергија, кој беспрекорно вклучува широк спектар на музички стилови, вклучувајќи сурф, панк, нојз, метал, психоделичен и прогресивен рок.

Како и нејзиниот имењак, музиката на Daikaiju е голем, мистериозен ѕвер.

Привлечните мелодии, силните рифови и променливата динамика се спојуваат заедно за да создадат песни кои го охрабруваат слушателот да ја доживее тајната историја на универзумот – фантастична реалност на џиновски чудовишта, супер луѓе и вонземски инвазии.

Вечерта ја отвара новото скопско експлозивно трио NIANDRA.

Зачлени се на нашиот е-билтен