Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Концерт на експерименталните бендови „Надја“ и „Уочи Токи“ во МКЦ

За вечерва (петок, 10 март) со почеток во 21 часот во Младинскиот културен центар е закажан концертот на „Надја“ и „Уочи Токи“ од Италија.

„Надја“ е дуо на мултиинструменталистот Ајдан Бејкер и басистката Леа Бакареф – активни од 2005 година – кои создаваат музика опишана како експериментален нојз/дум/дримслаџ/металгејз, препознатлив по тоа што ги комбинира атмосферските текстури на шугејзот со амбиентална позадина која има тежина и густина на индустриска бучава.

Чувството на концертите на „Надја“ е како да делите попладневна дремка покрај силно мамурниот Иги Поп, додека сабвуферот експлодира кај соседите од вашиот кат. Сурово, но и чудно како сон. Бејкер и Бакареф работат со оваа контрадикторност, произведувајќи звук што бара брутални, тешки монорифови и ги претвора во спектрални апстракции.

Алхемискиот процес на „Надја“ беспрекорно трансформира тежок метал во апстрактна величественост и, конечно, во еден вид блажено распаѓање.

Во својата богата кариера дуото вклучува настапи на фестивалите “SXSW”, “FIMAV”, “Roadburn”, “Donaufest”, “Le Guess Who”, “Incubate” и “Unsound” и заеднички настапи со музички артисти како “Earth”, “OM”, “Khanate”, “Neurosis”,”Godflesh”.По потекло од Торонто, Канада, дуото сега живее во Берлин, Германија. Ова е нивен втор настап во Скопје, откако во 2012 година настапија во рамки на ‘Cinemusic’ програмата на филмскиот фестивал Синедејс.

Како предгрупа на канадското дуо ќе настапат Италијаните „Уочи Токи“ со “VR”-сет. „Уочи Токи“ е магматичен ансамбл од искривени електронски ритми, мрачни амбиентални дронови и течни гличови поддржани од пирокластичен цртеж во живо во виртуелна реалност проектирана на екран.

Паѓајќи во сржта на импровизацијата, овој настап станува театарска 3Д-анимација од обоени знаци, подземен проток на звуци и слики. Рико и Напо, членовите на „Уочи Токи“, ќе го претстават сетот „VR“ што го развија минативе години во Италија и со кој ја крстарат Европа.

Концертот започнува во 21 часот, билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ или онлајн на линкот bileti.mkc.mk.

Зачлени се на нашиот е-билтен