Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон

По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу РС Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music).

На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, a заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски.

Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира