Дирекцијата за култура и уметност ги известува љубителите на класичната музика дека концертот „Впечатоци од Шпанија“, кој требаше да се одржи на 8 ноември (сабота), се презакажува за 14 ноември (петок), поради здравствената состојба на еден од изведувачите.
Концертот ќе се одржи во Салон 19 19 (Културно информативен центар) со почеток во 20 часот, а влезот е слободен.
На програмата ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, двајца истакнати уметници од Шпанија.
„Впечатоци од Шпанија“ претставува уметничко патување низ музиката на европските композитори, инспирирани од ритамот, страста и колоритот на шпанските танци, гитарските ефекти и хармониите што ја доловуваат душата на Иберија.
Настанот се реализира во соработка со Skopje Classic.

