Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Конференција „Е-Општество“: Мемињата денес се најупотребуваната алатка за активизам

На конференцијата „Е-Општество“ во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ денес се дискутираше и за употребата на мимовите, односно мемињата како начин на комуникација и ширење на информациите, но и на дезинформациите.

Осврнувајќи се на политичкиот аспект, комуникологот и професор, Сеад Џигал истакна дека мемињата нов начин на политичка комуникација, кој овозможува на брз, ефикасен, визуелен и често пати забавен начин порака многу брзо да стигне до широката публика.

Издвојувајќи го актуелниот контекст, Џигал посочи дека мемињата остануваат најупотребувана алатка во модерниот активизам и наброја неколку примери на силни комуникациски пораки преку мемиња.

„Ако порано беа слоганите, денес тоа се мемињата, тие се новите слогани кои лесно брзо визулено ефикасно комуницираат со младидте. Од средината на минатат декада се сеќаваме на Окупирај го „ВолСтрит“, на „99%“ а во локално регионален контекст можеме да го издвоиме мимот кој се појавуваше исто така кон средината на минатата декада, односно мимот „тик-так тик-так“ напишано или со слика од часовник и почна да се користи од твитер заедницата во Македонија, а гледам сега се користи во Албанија и Србија“ рече Џигал.

За психотерапевтот Тиана Ивановска, мемињата претставуваат нов начин на комуникација меѓу младите, особено во искажувањето емоции.

„Мемињата овозможуваат младите да ги вадат од контекст да си ги стават во свој контекст и на тој начин подобро да се искажат, па си ги праќаат со пријателите, колегите и на партнерите и тоа носи друг апсект на емоционално изрзување. Тоа е добро затоа што во модерниот јазик се помалку користиме емоционална експресија и често пати се затекнуваме како на прашањето „Како си?“ даваме само факти за тоа како сме а многу помалку одговараме за тоа како навистина се чувствуваме. Мемиња го враќаат емоционалниот говор во секојдневното комуницирање, па некогаш младите на прашањето „Како си?“ праќаат само меме со кое подетално објаснуваат точно како се чувствуваат“ рече таа.

Новинарот Гоше Николов, смета дека мемињата се редовен начин на комуникација меѓу припадниците на Генерацијата Зед и дека истите треба да се опфатат со медиумската писменост.

„Мемињата денеска се дел од комуникациите и се дел медиумска писменост и ако постои медиумска писменост во училиштата, тогаш мемињата треба да бидат дел од тој предмет, за полесно да ги сфатиме денешните начини на комуникација, денешните ставови и вредности“ порача Николов.

Фотографија: Ванчо Џамбаски

Зачлени се на нашиот е-билтен