Конгресот отвора истрага за наводната вмешаност на Кина во хакирањето на Стејт департментот

Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска објави дека отвора истрага за сомнителна вмешаност на Кина во неодамнешното хакирање на системите за е-пошта на американското Министерство за трговија и Стејт департментот.

Претседателот на Комитетот Џејмс Комер и шефовите на два поткомитети побараа од секретарката за трговија Џина Раимондо и од државниот секретар Ентони Блинкен да го информираат Конгресот до 9 август.

„Исто така, ние сме загрижени дека овој напад врз федералните агенции, вклучително и е-поштата на висок американски владин функционер како што сте вие, одразува ново ниво на вештина и софистицираност од страна на кинеските хакери“, се вели во пораката испратена од членовите на Конгресот до Џина Раимондо. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен