Контролорите на летање во штрајк – Македонија без авионски сообраќај на 20 октомври


На 20 октомври, ден по првиот круг од локалните избори, македонското небо ќе биде затворено за авионски сообраќај во периодот од 10 до 15 часот. Контролорите на летање најавија генерален штрајк поради, како што велат, неисполнетите ветувања и хроничниот недостиг на кадар во системот.

Ова е втор обид за организирање штрајк на вработените во М-НАВ, откако претходниот, закажан за 10 јули, беше одложен поради најавени преговори. Три месеци подоцна, контролорите тврдат дека ниту едно од договорените барања не било реализирано, поради што ќе ја прекинат работата на неколку часа, со што практично ќе се затвори воздушниот простор на земјата.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека не се надлежни за состојбите во М-НАВ, бидејќи институцијата има сопствен буџет и автономија во одлучувањето. Од М-НАВ засега нема официјален став за најавениот штрајк.

Зачлени се на нашиот е-билтен