Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Коњуфца: Го поддржувам предлогот Лајчак да го достави статутот на ЗСО до Венецијанската комисија

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денеска ја изрази својата поддршка за идејата на премиерот Албин Курти дека модераторот на дијалогот, Мирослав Лајчак, треба да го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Венецијанската комисија.

Премиерот Курти вчера за албанскиот телевизиски канал АЛ 2 Си-Ен-Ен изјави дека Лајчак може да го однесе нацрт-статутот на ЗСО до Венецијанската комисија на евалуација. Курти рече дека тоа е „нон-пејпер“.

Коњуфца, по седницата на Претседателството на Собранието на Косово, изјави дека Европската унија тешко сака да ги преземе овластувањата на Косово за изготвување на статутот на ЗСО.

Зачлени се на нашиот е-билтен