Партијата на Хрватите во Македонија, вчера вечер ја одржа свечената промотивна конвенција на која присуствуваа претставници на Владата на Македонија, амбасадорката на Р.Хрватска во Македонија Нивес Тигањ и воедно пратеник на министерот за наворешни и европски работи на Р.Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, директори на институции, членови на дипломатскиот кор и бројни гости од јавниот и политичкиот живот, се наведува во соопштението од Партијата на Хрватите во Македонија.
„Посебна чест беше присуството и обраќањето на Амбасадорката на Република Хрватска во Македонија вооедно и пратеник на Министерот за Надворешни и Европски работи на Р.Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ, која во својот говор го честиташе основањето на “Партијата на Хрватите во Македонија” посака успех во работата. Исто така ја истакна традиционално добрата и пријателска соработка помеѓу двете држави, подвлекувајќи ја важноста на заедничките европски вредности и поддршката што Хрватска ѝ ја дава на Македонија на патот кон Европската Унија“, соопштуваат од партијата.

Тие појаснуваат дека со видео обраќања подршка на партијата дале и пратеникот во Собранието на Црна Гора и Претседател на партијата Хрватската граѓанска иницијатива, Адријан Вуксановиќ, пратеничката во Саборот на Р.Хрватска и претседател на Хрватскиот национален совет во Р.Србија. Јасна Војниќ, која се обратила и во име на претседателот на Саборот на Р.Хрватска, Гордан Јандроковиќ и претседателата на Комисијата за Хрвати вон Р.Хрватска, Здравка Бушиќ. Имало обраќање и на пратеникот во Европскиот парламент, Карло Реслер.
На конвенцијата се обрати и претседателот на Партијата на Хрватите во Македонија Ненад Немет, кој зборувал за стратешките цели на партијата – зачувување и унапредување на хрватскиот идентитет, јазик и култура, како и активното вклучување на Хрватите во политичкиот, општествениот и културниот живот на државата.
„Хрватите се лојални граѓани кои активно придонесуваат за општествениот развој и зајакнување на демократските процеси во земјата. Ја истакна и важноста од градење мостови на соработка и меѓусебно почитување меѓу различните заедници во Македонија, при што Хрватите се горд дел од мултикултурното ткиво на државата. Конвенцијата претставуваше важен момент за натамошно јакнење на врските меѓу хрватската заедница и институциите во Македонија, како и поттик за понатамошна подобра соработка со Република Хрватска“, се вели во соопштението.