„Копи-пејст патриотизам: Како сценаријата од Белград се пресликуваат во Скопје“

Фото ЧетГПТ

Она што одамна е јасно е дека Мицко, малиот Вучко, верно ја копира политичката „креативност“ на својот српски „стрико“ – од Будимпешта па до Белград, сите од истата дијаспора. Тактиките што во Србија се покажаа како катастрофални, сега се пренесуваат и во Македонија.

Кога Вучиќ не можеше да одговори на барањата на студентите, затоа што секој искрен одговор ќе значеше политички пораз и распад на СНС, тој измисли своја паралелна група – „студенти кои сакаат да учат“. Најиронично е што таа група беше составена од луѓе без образование и со криминални досиеја, што совршено откри кој навистина стои зад структурата на СНС.

Откако тој експеримент пропадна и стана предмет на потсмев, следеа „блокади против блокади“, исто како времето на Груевски и неговите контра-протести. На крајот, беше подигната озлогласената шаторска населба „Чациленд“, полна со криминалци и насилници, како последен бедем за заштита на претседателската канцеларија – жив штит од најдолниот слој на општеството. Монти Пајтон би завиделе на „креативноста“, ако немаше толку елементи на хорор.

Каде сме ние во ова сценарио?

По насловот на СДСМ „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излезе со нивна верзија – „Децата на Заев“. СДСМ реагираше со соопштение за старото правило: „крадецот вика држете го крадецот“. Томовски истиот ден ги повтори истите зборови.

Очигледно е – тимот на Вучиќ веќе работи и за ВМРО-ДПМНЕ. Целта е да се релативизираат сите акции на Антикорупцискиот тим на СДСМ и да се замагли вистината. Но граѓаните одамна го видоа ова сценарио. И нивниот „патриотизам“, и нивната „борба за татковината“ – сè веќе е видено.

Утре можеме да очекуваме нови акти: „АКТ 2.0“, „Бомби 3.0“ и ако продолжат по српскиот рецепт – и нивна верзија на „Ќациленд“.

Ако веќе планираат мигрантски центри, можат веднаш да кренат шаторска населба пред Владата. Откако ја вратија оградата и се изолираа од сопствениот народ, можат лесно да оформат ВМРО-вска варијанта на „База“ – скопско издание со шатори наместо лавови, по примерот на Скопје 2014. Станарите ќе ги опремат со пасоши – избори доаѓаат.

За „придружба“ ќе се погрижи Сашо Мијалков – неколку „црнокошуљаши“ по српски терк и решението е комплетно.

И при тоа, постојано ќе удираат во гради со националистички приказни, со цел да го поделат народот на „вистински Македонци“ и „предавници“. Колку подлабока поделба – толку посигурни нивните фотелји. Колку подолго останат таму – толку подалеку се од Идризово.

Зошто?

Затоа што европска Македонија не им одговара. Им одговара изолирана држава, црна точка на Европа. И затоа следуваат нови „патриотски“ маневри за уште повеќе да нè одалечат од ЕУ.

Но, наскоро ќе следуваат нови Бомби – не нивните, туку нашите. Вистината за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со криминалните структури на српските лажни патриоти.

Првиот пат се обидоа да ги прогласат бомбите за лажни. Не успеа тогаш, нема да успее ни сега.

Работата не е завршена.
И секој ќе одговара.

Зачлени се на нашиот е-билтен