Кошта заминува на „Тура низ главните градови“ на членките на ЕУ 

фото FLICKR

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ја започнува својата тринеделна турнеја низ земјите на ЕУ насловена „Тура низ главните градови“, чија цел е размена на мислења со шефовите на држави или влади на членките на Унијата за состојбата во блокот и за подготовките на претстојните самити. 

– Во текот на следните три недели ќе патувам низ Европа и ќе се среќавам со лидерите на ЕУ во нивните главни градови. Овие разговори ќе помогнат во обликување на нашата заедничка агенда за наредните месеци. 

Во најавата на посетата, што ќе трае од 1 и 19 септември, се наведува дека Кошта со своите домаќини ќе разговара за „сите главни политички приоритети, како и за методите на работа на Европскиот совет“. 

Турнејата почнува вечерва со учество на Кошта на Стратешкиот форум во Блед, каде ќе има воведено обраќање. Утре е предвидено Кошта во Љубљана да се сретне со словенечкиот премиер Роберт Голоб, по што ќе отпатува за Загреб на разговори со претседателот на хрватската Влада, Андреј Пленковиќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен