Косовската полиција вчера уапсила едно лице во Лепосавиќ, маж со иницијали М.К., под сомнение за кражба на идентитет, односно со документи од Србија и од Косово со различни имиња и презимиња, јави косовскиот медиум на српски јазик, КоССев.
Веста за порталот ја потврди заменик командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој наведува дека надлежните служби имале сознанија за евентуално извршување на кривично дело кражба на идентитет од страна на приведениот.
Службениците на редовната единица на косовската полиција вчера го запреле М.К. на територијата на општина Лепосавиќ, а потоа го привеле, по што од надлежен обивинител му е одреден притвор од 48 часа.
„Ова лице има два идентитети – едниот за српски документи, а другиот за документи на Косово“, изјави за КоСС Ветон Ељшани.
Истовремено, полицијата извршила претрес во куќата на М.К. во Северна Митровица, каде што пронашла и запленила доказен материјал, изјави Ељшани, без да прецизира што точно е одземено.
М.К., пишува КоССев, бил ангажиран во Мрежата „Мост“ неколку години на функцијата новинар, односно член на надзорниот одбор на таа организација. Исто така важи и за близок соработник на актуелниот потпретседател на српската Влада, поранешниот директор на Канцеларијата за Косово, Александар Вулин и функционер во неговата партија, Движење на социјалистите.
Во времето кога Вулин раководел со Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, М.К на терен бил задолжен за односи со медиумите.