На 4ти октомври во 19 часот во Филхармонија Кафе Бар во Скопје ќе се одржи промоцијата на шестата книга на Коста Петров, „Сè што би сакал да знаев порано“. На настанот ќе биде промовирана и детската сликовница „ЈАС и ТИ: како ЈАС стана суперхерој“, која е всушност адаптација на книгата и е прва сликовница на авторот.
Во секој од нас постои дел што никогаш не расте – детете кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè учи да да сонуваме големи соништа, ја буди радоста во нас но знае да донесе и солзи и грижи. Ова е книга за сите верувања што ги поседува детето во нас и како тие ја обликуваат личноста која сме денес.
Но, во одреден момент од нашите животи сите ние треба да одлучиме дали овие верувања и мисли, сè уште ни одговараат како возрасни. Дали нè прават среќни или се преголем товар? Оваа книга е за тој момент кога треба да одлучиме што треба да задржиме а што да оставиме зад себе додека одиме напред во животот.
Коста Петров е интернационално докажан претпримач, автор и мотивациски говорник ширум светот. Тој е основач на Пи Ворлд, водечка креативна агенција со канцеларии во Скопје и Монтреал. Агенцијата е организатор на некои од најголемите светски бизнис настан во 40 земји низ светот и редовно соработува со најголемите глобални брендови. За својата работа и придонес во индустријата, тој два пати беше избран за еден од највлијателните луѓе во индустријата за настани од страна на Конгрес Магазин.
Коста Петров е автор на пет книги и со над 50.000 продадени примероци, тој е еден од најпродаваните македонски автори во последните десет години.