Костадинов: Стојам на распологање на институциите, политички коментар не сакам да давам

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов се произнесе на социјалните мрежи откако утрово СВР Струмица поднесе кривична пријава против него за набавка на електричните автобуси.

Тој ги отфрла во целост, како што вели наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица.

„Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.

Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса“ пишува тој.

На крајот Костадинов додава дек не би сакал да дава политички коментар за целата ситуација.

Зачлени се на нашиот е-билтен