Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадинов: Струмица излегува од ЗЕЛС

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов најави дека денеска ќе испрати допис до Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) дека Општина Струмица излегува од ЗЕЛС.

„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е“, напиша на социјалните мрежи Костадинов.

На оваа одлука претходеше објава во која струмичкиот градоначалник остро ја осуди одлуката на надлежните инстотуции да биде продолжена забраната за користење на водата за пиење во општината.

„Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки“, посочи Костадинов и додава дека „некој скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани“.

Тој исто така најави дека „наскоро ќе се дознае вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски“.

„Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа“, пишува во објавата на градоначалникот на Струмица Костади Костадинов во која најавува дека општината ја напушта ЗЕЛС.

Зачлени се на нашиот е-билтен