Пратеничката и поранешна министерка Бисера Костадиновска Стојчевска им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што потврдија дека се „манипулатори и дека моето име служи за дефокус на нивното неуспешно неработење“.
На социјалните мрежи таа напиша дека потписот на сметките што ги објавија од ВМРО-ДПМНЕ не е нејзин и декатоа лесно може да се докаже“
„Останатите три се без потпис. Се прашувам кој ќе ви поверува на лажирани сметки, без мој потпис, знаејќи ги кои се процедурите за затворање на патен налог“, посочи Костадиновска Стојчевска.
Таа остана на предизвикот упатен до пратеникот Лефков да одреди медиум на кој ќе ги соочат фактите со преглед на трошоците на нејзините службени патувања.