Костадиновска-Стојчевска: Скопје – Европска престолнина на културата е можност да ѝ покажаме на ЕУ со што ќе придонесме

„Во процес каде се стремиме да бидеме членка на ЕУ, ова е можност да прикажеме со што ќе придонесеме во ЕУ како вредност, наша култура, јазик, традиција, особеност. Ова беше одамна посакуван настан да се случи за македонската култура и се надевам дека тоа ќе биде огништето околу кое сите ќе се спојат“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Во живо“ на МТВ коментирајќи за одлуката Скопје да биде европска престолнина на културата во 2028 година.

Таа додаде дека потребен ни е светол период во културата, каде сите ќе се обединат Скопје да биде светла точка во 2028 година.

„Ваков развој на кулутрните настани ќе придонесе за развој на културната свест и ќе даде насока на каде да се движат културните политики“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека ова не е проект само на Град Скопје или на само на Министерството за култура, туку проект чие мото е дека културата е над поделбите и преку кој треба да се покаже дека со културата може да ги надминеме сите поделби и да ја задржиме уникатноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен