Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска со честитка по повод 5 Ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик

Ја славиме културата на Ромите како дел од заедничкото културно богатство. Празнувајќи го 5-ти ноември како Меѓународен ден на ромскиот јазик, повикани сме да го даваме нашиот придонес во чувањето и негувањето на културните особености на Ромската заедница.

Прифаќањето на важноста и еднаквоста на сите јазици е нашиот влог за богатството на нашето општество како мултикултурна ризница и на обединети различности на кои треба да бидеме горди.

Во новата Стратегија за Роми 2022-2030 година, предвидуваме конкретни цели и мерки насочени кон развој на кадри кои ја негуваат ромската култура, традиција и јазик преку обезбедување стипендии по профили и можности за отворање признаени курсеви, катедри за создавање на наставници за изучување на ромскиот јазик.

Bahtalo o 5-to Novembro. Maskarthemutno dive tari Romani chib.

Зачлени се на нашиот е-билтен