Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Tие го впишаа Скопје 2014 во листата нивни криминални проекти, ние го впишавме Скопје 2028 во листата на европски градови на културата

„Љубов и почит кон својот народ и држава се покажува со вистинско вложување во зачувување на материјалното и духовно културно богатство, а не со злоупотреба на 700 милиони евра за лично профитирање на поединци од дпмне, преку скандалозни проекти како скопје 2014. Tие го впишаа Скопје 2014 во листата на нивни криминални проекти, ние го впишавме скопје 2028 во листата на европски градови на културата“, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на трибината од серијалот трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“, на тема „Култура за сите, култура над сѐ“.

Таа нагласи дека не се заборава тоа непријатно сеќавање на нетранспарентна култура под диктат, која единствено беше култура на дивоградби и култура на сомнителни зделки.

„Е тоа беше културата на ВМРО-ДПМНЕ, култура на крадење народни пари, за стиропор во фасадата на македонските институции и бронзата на лавовите и коњите, кои граѓаните ги платија неколкупати поскапо од тоа што реално чинат. Го лажат народот и манипулираат со националните чувства на Македонците дека ЕУ ќе ни го одземе идентитетот, јазикот и културата, додека ние го впишуваме главниот град и целата држава во европската мапа на културата“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека во тоа е разликата помеѓу оние кои денес ја кочат државата на патот кон ЕУ криејќи се зад нивниот лажен патриотизам и лажна грижа за македонската култура и идентитет и, СДСМ со кои културата доживеа ренесанса, а македонскиот идентитет и јазик станаа европски признати.

„Ние ќе продолжиме да работиме во она во што веруваме, во нашиот културен пејзаж кој ги обединува, воздигнува и слави нашите разлики, а тоа е европска вредност која нè прави поблиски со нашите ЕУ партнери. Знаеме и дека културата е таа која не штити и во која лежи нашата сила и затоа мора да ја користиме како основа за подобра европска иднина“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.  

Најново