Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: ЕУ треба да има јасна стратегија за интеграција на Балканот

Отсекогаш постоело прашањето за тоа што ние треба да исполниме со цел да станеме полноправна членка на ЕУ, но ајде да го земеме случајот на Северна Македонија и што Северна Македонија требаше да направи за да стане членка на НАТО и ЕУ, кажа премиерот Димитар Ковачевски на форумот ГЛОБСЕК во Братислава.

-Ако постои држава која што требала да донесе потешки одлуки, помачни одлуки од нас, тогаш немам што да кажам. Северна Македонија го промени името на земјата, за да стане членка на НАТО и ЕУ. И кога се заврши со референдумот, кога собранието изгласа, НАТО испорача, а ЕУ не испорача. Тоа се факти. Затоа што таму измислија некакво вето, поради владеењето на правото, и некои други работи. Нашата независност како земја ја почнавме пред 32 години како дел од поранешна поголема земја, градевме институции, создававме институции од ништо, почнавме од нула. Голем дел од овие институции се изградени заедно со земјите од ЕУ и со поддршката на САД. Тие навистина имаат високи институционални способности. Второ, кога зборуваме за интегритет, кога зборуваме за владеење на право, кога зборуваме за демократија, дали сметате дека сите земји кои што се приклучиле кон ЕУ, биле на нивото на Франција, Германија и Шведска? Не би се согласил. Можам дури и да дадам изјава, дека интегритетот на македонското собрание во поглед на поплаки, во поглед на поплаки за антикорупција е многу повисок од оној на европскиот парламент. Во суштина сметате дека се користи како изговор, како оправдување, не знам. Не можам да зборувам во име на други, можам да зборувам во наше име, но би рекол дека ние навистина спроведовме тешки реформи и дека ЕУ треба да има јасна стратегија за интеграција на Балканот, истакна Ковачевски.

Зголемен јаз меѓу Западен Балкан и ЕУ – намалено ниво на образование

Кога јазот меѓу земјите-членки и земјите од Западен Балкан се зголемува во економска смисла тоа значи дека нивото на образование се намалува, инфраструктурниот јаз се зголемува, транспортниот јаз се зголемува и имаме зголемување на јазот и во ефикасноста на институциите, потенцираше Ковачевски.

-Сметам дека ЕУ по војната во Украина ја сфати стратешката грешка која ја направи пред неколку години кога ни беше наметнато вето нам на Северна Македонија и на Албанија. Кога ќе направите стратешка грешка не може да ја решите за 5 минути. Стратешките грешки имаат свој ефект во период од 5 до 10 години најмалку. Знам дека претседателката на ЕК е голем пријател на нашите земји а и личен пријател којшто ни помогна во најпредизвикувачките времиња, затоа што неколку години работиме во ситуација на криза со пандемијата, економската, енергетската криза. Помошта што ја добивме беше потребна, нужна во тоа време но исто така морам да потенцирам дека нашиот народ, нашите институции а ние заедно Еди, Александар, јас, Киријакос, Донев, навистина работиме заедно се со цел да ја решиме кризата и ја поминавме зимата, истакна Ковачевски.

Подобар стандард со членство во ЕУ

Тој додаде дека земјите во југоисточна Еворпа па и во Источна Европа зошто се подобрија економски, само поради една причина – затоа што станале членки на ЕУ.

-Стандардот на Југославија беше 10 пати поголем од стандардот на Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Романија заедно. А стандардот на вашите земји, затоа што тука гледам луѓе од Словачка, Чешка сега е подобар само поради тоа што сте членки на ЕУ. Патот на напредување за Западен Балкан како што велите вие е членство во ЕУ. Дали ќе дојде тоа одеднаш или секторски зависи од начинот на кој ќе се спроведува, истакна Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен