Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал тет-а-тет средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите и оценето е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот којшто заеднички е утврден меѓу Северна Македонија и Европската Унија.
Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија.
Премиерот Ковачевски нагласил дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса што сега треба да се искористи и дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна но достижна цел за што ја има поддршката и од стратешките партнери.
Евроамбасадорот Гир, како што велат од Владата, ја потврдил силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата.