Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски и Костадиновска Стојчевска на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја започна официјалната посета на УНЕСКО во Париз, каде го пречека генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. Посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на македонски премиер на УНЕСКО.

Претседателот на Владата, Ковачевски, придружуван од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, имаа средба со генералната директорка на УНЕСКО Одре Азуле во рамките на програмата на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз.

На средбата се истакна дека Република Северна Македонија оваа година одбележува 30-годишен јубилеј од зачленувањето во оваа организација на Обединетите нации за образование, наука и култура. Во актуелниот глобален културолошки контекст, Северна Македонија е вреден пример на успешна мултиетничка демократија, како држава којашто покажа на дело дека дипломатијата е средство за решавање на предизвиците. И со македонското древно јазично и културно наследство и преку функционалното мултикултурно општество, продолжува да придонесува во мозаикот на различности што ги негува и УНЕСКО, а коишто се карактеристика на заедничкиот свет.

Особен  акцент беше ставен на континуираната и одлична соработка со Центарот за светско наследство и советодавните тела и нивната експертска помош во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

– Од особено значење за соработката на Северна Макeдонија со УНЕСКО е нашиот активен придонес во афирмацијата на политиките и процесите на Светската организација, како и конструктивната соработка со другите држави членки – посочи на средбата министерката Костадиновска- Стојчевска.

Пример за вклученост во иницијативите и активностите на Организацијата се и обновената Катедра за интеркултурни студии и истражување во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и новоформираната Катедра за писменоста за иднината и медиумска писменост во рамките на Институтот за комуникациски студии од Скопје, како дел од Мрежата на УНЕСКО на катедри (UNESCO/UNITWIN).

Треба да знаете
Moже да ве интересира