Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Идеaлите на Делчев се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата, поставени на дијалогот и на почитувањето

Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот, светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, оддадовме почит денеска, пред неговото вечно почивалиште, во чест на неговото раѓање пред 151 година, на денешниот датум, 4-ти февруари, објави премиерот Димитар Ковачевски, по положување цвеќе на гробот на Делчев.

„Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Северна Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки.

Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија во Едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави“, истакна Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен