Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски на средба со Севселенскиот патријарх Вартоломеј

Во рамки на својата посета на градот Истанбул, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети Вселенската Патријаршија.

Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски беше примен од Севселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого имаше прилика да разговара во добросрдечна атмосфера на теми од заеднички интерес.

Ковачевски го посети и се поклони во Патријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, информира сајтот на Вселенската патријаршија.

Зачлени се на нашиот е-билтен