Со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски започна годишната конференција „Година на нови можности“, која ќе трае два дена.
Можеме да ја поминеме секоја пречка, можеме да го решиме секој предизвик, има решение за секој проблем. Само ако останеме фокусирани на приоритетите. И тоа ќе продолжиме да го правиме, нагласи Ковачевски на почетокот од своето обраќање.
Премиерот потенцираше дека пред нас е година на нови можности, за кои напорно работевме и за кои создадовме предуслови претходно. Возможни се и потребни се нови чекори напред, за секого во нашата татковина.
По премиерот, обраќање ќе има и првиот вицепремиер, Артан Груби, по што на засебни панел сесии ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци. Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.
М. Д. (ЦивилМедиа)