Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Охридскиот рамковен договор е успешен затоа што создаде стабилна основа за општество каде ќе се почитуваат правата

„Охридскиот рамковен договор е успешен затоа што со него се создаде стабилна основа за креирање на општество каде ќе се почитуваат правата на сите во една држава за сите. За истиот имавме огромна поддршка и од нашите пријатели од меѓународната заедница и стратешки партнери, и тоа е видливо и денес“ рече премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод одбележување 22 години од Охридскиот рамковен договор во Владата.

Тој додаде дека и денес, како и тогаш, од Северна Македонија се очекува да ги оправда надежите на своите граѓани и храбро и гордо да чекори напред во остварувањето на визијата за креирање на просперитетна и економски стабилна држава во рамките на европското семејство.

„И сега, како и тогаш, пред 22 години, кога носевме тешки, но смели одлуки, повторно ќе чекориме заедно, сите заедно во нови успеси и нови победи. Предолго чекавме на нашата шанса да станеме дел од ЕУ за да можеме така лесно да ја испуштиме можноста за подобар и поквалитетен живот за сите нас. Свесен сум за предизвиците кои ни претстојат, но се надевам и на свесност и кај другите носители на процесите дека нашата држава заслужува подобро утре и тоа сега“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека граѓаните очекуваат сите заедно да ги оствариме децениските заложби за членство во ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен