Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски потврди: Лидерска во понеделник за евроинтеграциите и за изборите

„Како што најавив во изминатиот период дека на почетокот на декември ќе биде организирана лидерска средба, Ве информирам дека утре, ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии како и до Претседателот на Собранието“, соопшти премиерот Ковачевски на прес конференцијата со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел.

Како што истакна Ковачевски на средбата која што ќе биде закажана за понеделник, „ќе се разговара за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР“.

Зачлени се на нашиот е-билтен