Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски пред Социјалистите и Демократите на Италија: СДСМ е предводник на социјалната правда во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствуваше и се обрати на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.

На настанот каде присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура, претседателот Ковачевски говореше за прогресивните политики кои ги имплементира СДСМ, а кои се посветени на унапредување на демократијата, социјалната правда, економскиот развој и благосостојба на граѓаните и секако политиките за родова еднаквост за која СДСМ е предводник во Северна Македонија.

Во обраќањето, тој се осврна на политиките на СДСМ кои овозможија позитивни резултати изминативе години.

„Кога зборуваме за социјална правда, мора да посочам дека дека ја зголемивме социјална помош за 300%, ги зголемивме пензиите за 50%, ја намаливме невработеноста од 25% на 12,8%, ги зголемивме платите, и тоа минималната плата четири пати, просечната плата 70%, го зголемивме бројот на вработени, ги удвоивме странските инвестиции и ги поддржавме домашните компании и инвеститори. Ова се резултати на влада што враќа пари назад кај граѓаните, а не се фокусира на градење патриотски споменици кои го билдаа егото на авторитарниот режим како што го имавме 11 години“, посочи Ковачевски во обраќањето.

Претседателот Ковачевски, посочи дека СДСМ, како државотворна и прогресивна партија ќе продолжи да испорачува прогресивни и проевропски политики, и со таква програма и ќе настапи на претстојните избори годинава.

„Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел“, истакна претседателот Ковачевски пред присутните учесници на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.

Зачлени се на нашиот е-билтен